Opel Insignia: Автомобил на годината 2009 во Европа
Opel Insignia: Автомобил на годината 2009 во Европа!
Opel Insignia е прогласена за Автомобил на годината 2009 во Европа, од страна на независно жири составено од новинари од авто-мото браншата од 23 земји.

“Многу членови на жирито го издвоија изгледот и визуелните квалитети на овој модел, но сепак, новиот модел од Раселхајм од средната класа е многу повеќе од само стил,” смета непрофитната организација COTY (Car Of The Year).
“Активната и пасивната сигурност, удобноста и палетата на мотори се карактеристики на овој автомобил. Богатството во опременоста е проширено со софистицирани опции, ка-ко што се “Opel Eye”, кој ја чита сообраќајната сигнализација, FlexRide и прилагодливиот систем на предни светла со дури девет начини на работа.”
Автомобил на годината е титула која ја доделуваат 59 авто-мото новинари од 23 европски земји. Insignia е избрана меѓу 37 конкуренти, колку што имаше на овогодинешните квалификации за оваа престижна награда. Дури 20 новинари се определиле за Insignia како најдобар автомобил.
За да се прогласи некој модел за Автомобил на годината 2009, новинарите морале да ги земат во предвид критериумите како што се: дизајнот, сигурноста, управливоста и перформансите. “Техничките иновации и вредноста за парите се исто така, многу значајни при изборот”, e изјава на COTY. Со својот прекрасен дизајн и врвната технологија, новата Opel Insignia во тровратна, петвратна и караван изведба, навистина ги исполнува сите критериуми.
Елегантниот стил на Insignia може да се сублимира накратко со зборовите: уметничката скулптурност се среќава со германската прецизност. Овој автомобил, исто така, е исклучително аеродинамичен, со коефициент на отпор на воздухот од 0,27, што позитивно влијае на економските, динамичките и акустичните квалитети на автомобилот. Освен тоа, иновациите како што е системот Opel Eye, кој ги чита сообраќајните знаци и го предупредува возачот кога случајно ќе скршне од својата лента, ја прават Insignia лидер во својот сегмент.
Insignia е третиот модел на Opel кој ја освојува оваа престижна титула. Kadett е прогласен за најдобар автомобил далечната 1985 година, а Omega две години покасно. Особено е важно да се нагласи дека Insignia e првата лимузина од средната класа која ја освоила оваа награда од 1998 година.