Новата Opel Astra: Спортски дух со допир на елеганција!

Новата Opel Astra, во компактната класа каде што припаѓа, го презентира дизајнерскиот јазик на лидерот во дизајнот на возила, комбинирајќи ја вајарската вештина со германската прецизност, која за првпат ја видовме кај Insignia. Нејзините силни спортски облини и елегантните детали даваат нов, привлечен изглед.
Надворешноста на новата генерација на Astra, која ќе дебитира во септември на саемот во Франкфурт, има нагласено издолжена, згодна силуета. Внатре пак, висококвалитетните материјали и тоталната промена во дизајнот додаваат возбуда при возењето на ова возило од компактната класа. Згора на тоа, Opel додал нови иновативни додатоци – поквалитетни материјали, повеќе простор за одлагање на предмети, усовршени седишта и побезбедни браници – за Astra да има повеќе комфорни, безбедни и еколошки додатоци кои не се карактеристични за компактната класа.

Надворешен дизајн во склад со новата философија на Opel
Новата философија на Opel развиена за компактната класа, дава интерпретација прилагодена за оваа класа со употреба на истото крило и стајлингот на сечилото кои за првпат беа претставени во средната класа кај Insignia. Вграден во страничните панели на новата генерација на Astra, сечилото се протега од предната врата кон назад, движејќи се од долу кон нагоре и поврзувајќи се со страничната линија на прозорите, за рамнотежа и хармонија на облините на возилото. Предните светла во форма на око на сокол кои го содржат познатото карактеристично крило со дневни светла и’ даваат на Astra поспуштена, спортска линија и карактер. Гордата привлечна силуета ги поврзува мускулестите рамени линии со експресивниот заден дел, што го прави спортски, но во исто време и многу елегантен. Во предниот дел, новата генерација на Astra го реинтерпретира лицето на Opel, со употреба на мала горна решетка со која се врамува новото лого на Opel, во исто време нагласувајќи го поголемиот, понагласен низок отвор за да се добие поспортски изглед.

Однатре, дизајнерски решенија за подобар стајлинг прилагоден за возачот
Како ехо на лебдечките форми на каросеријата, светла точка на ентериерот се околните линии и форми кои се изведени со особено внимание. Дизајнерите на ентериерот го постигнале тоа, на пример, со креирање на нагласени, динамични форми кои интелигентно ги искористуваат материјалите. Се’ што ќе биде допрено од страна на возачот и патниците има рафиниран висок квалитет кој се чувствува при самиот допир. Како дополнување, Opel создал две нови комбинации на бои и тапацир во ентериерот – Зачинето црвена и Океан сина – специјално направени за Astra.
Ентериерот, исто така, ги продолжува мотивите на крилата и сечивата. Во оваа изведба, темата со сечилото е искажана во деталите како што се формите на рачките за затворање на вратите, како и тапацирот за формирање на лежиштето на менувачот и управувачот. Дизајнерското решение на крилото е веднаш воочливо кај топлата, сеопфатна инструмент табла која ги ‘прегрнува’ патниците во предниот дел од возилото. Таа се заоблува долж кабината , до врвот на облогите на вратите.
Здравје, безбеденост и комфор додадени преку просторот за одлагање, седиштата и подобрувањето на браниците
Opel Astra добива поголема практичност преку драстично зголемениот простор за одлагање на предмети и мудри решенија за возило од компактната класа кои вклучуваат мини преграда за ракавици на страната на возачот и фиока под предното совозачко седиште.
Новата, висококвалитетна технологија за изработка на седиштата дава дополнителна удобност за правилно седење. Исто така, безбедноста игра голема улога во дизајнот. Така, новите, интелигентни браници се наменети да ја минимизираат штетата при фронтални и удари одзади, намалувајќи ги повредите кај пешаците и патниците, и штедејќи пари за поправка и одржување.

Изведба со склад со извонредни компоненти и видлив квалитет
Дизајнерите и инженерите на Opel се убедени дека квалитетната изведба мора да биде во склад со она што купувачот го гледа и чувствува. Таквиот видлив квалитет е особено важен во ентериерот, каде појавата и допирните карактеристики на сите материјали мора да бидат ускладени со високите стандарди на монтажа и финиш.
Квалитетот на материјалите употребени кај новата Astra е евидентен кај зрнестите, меки на допир површини, текстурираните панели, квалитетот на декорот, хромираните лајсни и чувството при допир на копчињата и прекинувачите. Квалитет во изведбата, квалитет на употребените материјали и квалитетот кој се перцепира од страна на купувачите и’ даваат на новата Astra вонсериска појава. Сите заедно, тие ја комплетираат вајарската вештина и германската прецизност на новиот дизајнерски јазик на Opel.