Opel со ново лого и нов слоган: Wir lieben Autos

Кратко интервју со Alain Visser, Потпретседател на Opel: Автомобилите се нашата страст!

На IAA 2009 во Франкфурт, Opel не само што ја претстави последната генерација на Astra, туку и новиот слоган, кој гласи: “Wir lieben Autos”. Alain Visser, Потпретседател на Opel за маркетинг, продажба и постпродажба, ги објаснува причините за промената...


Зошто токму сега со ново мото?
AV: IAA и премиерата на нашиот најважен волуменски модел – Astra, се вистинскиот момент за да се направи промената.

Зошто токму “Wir lieben Autos”?
AV: Автомобилите се нашата страст, а таа возбуда влијае на сé што правиме. Знам дека звучи доста емотивно, но токму така и треба да звучи. Ако сакате да конструирате одлични автомобили, треба да се внесете со целото срце и душа во работата, заедно со енергијата која е потребна. Токму тоа го правиме ние во Opel и таа енергија е искажана и во нашите автомобили, од нивниот динамичен шасиски систем, па сé до нивниот вонсериски дизајн.

Слоганот ќе се користи низ целиот свет на германски јазик. Дали сите луѓе ќе може да го разберат?
AV: Oх, сигурен сум дека ќе го разберат, но како и да е, прилично е храбар потегот да се остане со германски, наместо со слоган на англиски јазик. Сметам дека токму изборот на јазикот сам по себе дава јасна слика: Ние сме интернационална компанија со германски корени. За последните 150 години, ние во Opel бевме дел од долгата традиција на германското инженерство и иноваторство, по кое државата е позната; 110 години од сето тоа се вложени во автомобилската индустрија. Оваа експертиза им гарантира на нашите купувачи дека ние нудиме високо квалитетни иновации со достапна цена.

Колку се важни технолошките иновации за Opel?
AV: Тие отсекогаш биле важни и стануваат уште поважни со секој нов ден. Јас мислам дека и во иднина, автомобилите ќе продолжат да бидат повеќе од само режим на транспорт. Тие ќе останат интегрален дел од животниот стил на мобилност на едно општество. Затоа, иновациите значат олеснување на секојдневниот живот на луѓето. На пример, предните светла кои се прилагодуваат на дневната светлина и на возните услови се поважни за повеќето возачи, отколку имањето повеќе или помалку коњски сили. Или пак, луѓето кои често имаат потреба да го превезуваат својот велосипед знаат од каква помош им е нашиот FlexFix систем. Токму тие иновации му даваат предност на Opel. Ние ги разбираме потребите на нашите потрошувачи, бидејќи ги рефлектираме на нас самите и го ставаме личниот елемент на маса. А, тоа е навистина добра основа за создавање на забележително унапредување на мобилниот животен стил на нашите потрошувачи.

Ова исто така го вклучува и дизајнот ...
AV: ... да, точно така, и токму затоа дизајнот е една од областите на која навистина се фокусираме. Автомобилот е израз на нашиот животен стил. Луѓето сакаат нивниот автомобил совршено да прилега на нивниот карактер и да одговара на нивниот однос кон животот. Затоа, добриот автомобил комбинира сé: возбудлив дизајн, врвна технологија и иновативни, еколошки идеи.

... а тоа се типовите на авотомобилите кои сакате да ги создавате ...
AV: Апсолутно, а тоа бара заложба. Токму затоа ние велиме “Wir Lieben Autos”. Тоа е нашата страст, нашата посветеност, нашата љубов за детали, нашето чувство за одговорност, нашата цел и да – нашата самодоверба. Тоа е она што го чини Opel.

Што значи “Wir Lieben Autos”?
AV: Зборот “Wir” (Ние) го означува возбудливиот и афирмативен, позитивен став на нашите колеги и дилери – што значи одлична почетна точка за развој на интелигентни, изненадувачки и иновативни производи кои ние ги нудиме на нашите потрошувачи.
Зборот “lieben” (живее, постои) го содржи големото количество на енергија во Opel. Тоа е виталноста која секој кој возел Opel ја доживеал преку бројните практични функции, возбудливите иновации и фасцинантниот, динамичен дизајн.
И на крај, зборот “Autos” (автомобили) стана неодвоив дел од нашите животи. Ние ги комбинираме нашите лични искуства со оние на нашите потрошувачи, со цел да ја направиме нивната секојдневна мобилност поедноставна и поудобна.