Chevrolet Cruze со максимални пет ѕвезди за безбедност во Европа: Највисока оцена досега за фронтален и страничен удар во историјата на EuroNCAP!


Компактниот седан Chevrolet Cruze, заработи пет ѕвезди на EuroNCAP тестот за безбедност. Согласно оценувањето на EuroNCAP, Cruze освоил 79 од вкупно 100 поени, со што претставува еден од најбезбедните модели во класата патнички возила.
Cruze ги освои максималните 16 поени при фронтален удар и максималните 8 поени при страничен удар на краш тестовите сo подвижна деформибилна бариера. Chevrolet Cruze е првиот патнички автомобил со максимални поени и во двата теста од денот кога EuroNCAP започна со оценување на краш тестовите, во 1997 година.
Независната европска тест организација исто така, го награди компактниот седан со висока оцена 7.3, од максимални 8, во посилниот страничен удар со шипка, што кажува дека зајакнатата странична школка на Cruze ги штити патниците во услови на страничен удар. Наслоните за глава се добро поставени така што ја апсорбираат силината на ударот, не дозволувајќи нагло движење на главата во услови на удар одназад. На тестот, Cruze исто така, е високо оценет во поглед на заштитата на децата и пешаците.
Cruze веќе има освоено пет ѕвезди во австралискиот програм на оценување на возила (ANCAP), како и во кинескиот приграм за оценување на нови возила (C-NCAP).


Безбедноста на Cruze започнува од неговата цврста структура. Cruze поседува нов интегрален систем на рам-каросерија (BFI) кој е дополнет со фино прилагодените делови од шасијата. Со BFI системот, горната структура на телото заедно со рамката, прават една целина, со зголемено чувство на цврстина и стабилност.
64% од структурата е изведена од челик со голема црвстина, со обезбедено високо ниво на заштита. Зајакнувањето на вратите и затворањето на багажникот, употребата на ултра-цврст челик за В-столбовите и ефикасните алумински браници дополнително обезбедуваат максимална сигурност.
Cruze поседува широка палета на активни и пасивни безбедносни компоненти какви најчесто имаат поскапите возила, а кои вклучуваат:

● Електронска контрола за стабилност
● Контрола на влеча
● ABS
● Помош при паркирање
● Електронска дистрибуција на силата на кочење
● Шест воздушни перници
● Потсетник за ставање на сигурносниот појас, претензионери со ограничување на оптовареноста на седиштето.