Сјајниот Нов Spark!

Комплетно новиот градски автомобил од Chevrolet претставува нов почеток, возило кое ја побива класичната мудрост дека малите возила се или тренди или практични, или скапи или пак со добра вредност за вложените пари. Spark ги менува правилата. Тој е подеднакво модерен и забавен, колку што е и функционален. Нуди стил и најмодерни елементи за забава во возилото, но во исто време е и практичен, малку троши и има ниска емисија на штетни гасови. И секако, има одлична вредност за парите.
Гледајќи однадвор, Spark е дизајниран да биде впечатлив и експресивен, но во исто време, нуди и извонредно ниво на просторност и практичност. Нема многу возила кои оставаат толку мали траги, а ги нудат придобивките на возилото со пет врати, пет седишта и корисна област за багаж.
Поголемиот дел од појавата на Spark се должи на неговиот стајлинг. Надворешноста на Spark има исфрлени тркала нанадвор, стабилна и можна каросерија, нагласена заоблена кровна линија. Појавата е јасна, цврста и непогрешливо поквалитетна во однос на некои од ривалите во мини сегментот. Купувачите на Chevrolet ќе уживаат во удобноста, просторноста и уредите лесни за управување – испорачани во уникатен стил за овој сегмент.

Внатрешноста е исто толку впечатлива како и надворешноста. Со вклучување на предните светла, сите контроли имаат позадинско осветлување во ледено-сина боја – дополнителен доказ за способноста на Spark да ја стави забавата во функција. Забавата во возилото е прашање на избор, а купувачите на Spark може да уживаат во избор од радио, CD, MP3 или да приклучат преносен систем преку USB или Aux-in приклучоците.
Како и да е, не е само впечатливиот стајлинг тој што го прави Spark домаќин на градските улици. Големината на Spark, управливоста и способноста за маневрирање се совршено усогласени со урбаниот живот. Новиот мини од Chevrolet доаѓа во компактно пакување: со должина од 3640 мм и ширина од 1597 мм, тој лесно ќе се “стисне” во тесните урбани простори. Тој поседува напредна динамика и држење, респонсивни управливи карактеристики, во срцето на кои стои многу цврстата телесна рам-конструкција, дизајнирана да им помогне на динамичните перформанси на возилото и да му обезбеди на возачот зголемено чувство на стабилност, цврстина и доверливо однесување на патот.
Spark е достапен со Електронска Контрола за Стабилност (ESC) која обезбедува извонредна безбедност и контрола, со способнсот на електронска сопирачка и контрола на тракција за да обезбеди прецизни неблокирачки карактеристики при кочењето.
Двата мотори кои се нудат на самиот старт се бензински, со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри. Тие се слични еден на друг, со блок од лиено железо и алуминска глава, двојна брегаста осовина и четири вентили по цилиндер. Поседуваат мулти-порт техника на вбризгување и Euro 5 стандарди за емисија на гасови. Обата мотори се со петстепенски мануелен менувач.
Практичноста е голем плус, исто така. Можеби не многу голем однадвор, но умниот дизајн на Spark значи дека тој е способен да го даде максимумот од својот достапен простор.
Патниците напред уживаат во простор за нозете од 1067 мм (893 мм одзади), додека рамениот простор од 1295 мм (1255 мм одзади) и простор за главата од 1010 мм (947мм одзади) се рангирани меѓу најдобрите во сегментот, докажувајќи дека дури и ако автомобилот е мал, тоа не значи дека е набиен. Со пет врати и пет седишта, Spark е еден од просторно најефикасните возила во мини сегментот.