<- ->
1/1 New Astra / Опис

Бидете ѕвезда на вечерта.
Модерна, извајана, спортска – Новата Opel Astra.



Ѕвездата е родена. Новата генерација  Opel Astra дефинитивно ги врти погледите од сé останато. Таа носи комплетно нов изглед во компактната класа – со нагласени спортски линии, елегантни површини и корактеристична интерпретација на сопствениот победнички дизајнерски јазик. Со над 600 часа поминати во тунелот на ветрови, мазните линии на Astra се повеќе од задоволство за гледање, затоа што испорачуваат врвно ниво на аеродинамична ефикасност – која обезбедува подобро возење и поголема економичност.



Дизајнерите ја донесоа философијата на Opel (германската прецизност се среќава со вајарската вештина) и во компактната класа. Истите карактеристики на крилото и сечилото одстрана, кои за првпат беа претставени кај Insignia, се преточени и кај Новата Astra, но со особено внимание и пристап. Astra е создадена во партнерство со дизајнери и инженери кои ги комбинираа прекрасниот врвниот дизајн и врвните перформанси на безбедност.