Нашите брендови

Opel е марка со долгогодишна традиција во Европа, која денес произведува и продава возила ширум светот. Од самиот почеток, визијата на Opel е непроменета: да се направи технологија која ќе биде достапна за секого. Opel се стреми во континуитет да развива иновативни решенија за иднината на индивидуалната мобилност и транспорт. Највисоката цел на развојните активности е да се развиваат возила со привлечен дизајн, кои ги задоволуваат највисоките еколошки стандарди. Типичната германска традиција за квалитет е суштинска за темелите на кои стои Opel: модерна, визионерска, експресивна и динамична дизајнерска брилијантност, која нуди беспрекорно задоволство за сопственикот.
Во 1929-та година, Opel пристапи кон семејството на GM, со што стана компанија во целосна сопственост на General Motors. Со моќта на широкото производство и дистрибутивната мрежа, Opel доби можност да ја прошири својата визија на доближување на достапната технологија до што повеќе луѓе низ цела Европа, Азија, Австралија и Јужна Америка. По купувањето на Opel, GM Europe продолжи да ги развива своите активности во Европа.
Денес, секое шеснаесетто возило на планетава е Chevrolet. Тоа претставува неверојатно големо достигнување, кое започна од мало гратче во Франција – ако и’ веруваме на легендата – во 1896 или 1897 година, кога брилијантниот човек, кој му го даде своето име на Chevrolet, беше првпат “откриен” во мала работилница за велосипеди од страна на член на една од најбогатите семејства во Америка. Познанството на младиот Luis Chevrolet кој бил на почеток на кариера во трки со автомобили и Billy Duran, сопственик на General Company во Њу Џерси, која подоцна стана General Motors, беше клучниот момент во историјата на марката Chevrolet. На 3 ноември 1911-та година, двајцата мажи ги здружија силите за да ја создадат Chevrolet Motor Car Company – и легендата беше родена.
Визијата на Duran за иднината се покажа како исправна, во времето додека неговата новоформирана комапнија Chevrolet се’ повеќе јакнела. За кратко време Chevrolet стана синоним за квалитет, вредност, доверливост и исплатливост. Денес, Chevrolet се движи во 21-от век со јасна, брилијантно дизајнирана гама на возила која одговара не само на практичните барања на денешните возачи, туку има и нешто за оние поемотивните. Секогаш гледајќи напред, имајќи го на ум мотото на Luis Chevrolet: “Никогаш не се откажувај” ...
Едноставните идеи можат да го изменат светот. Во 1888-та година, гледајќи го својот син како вози трицикл, John Boyd Dunlop ја забележал неудобноста на возењето преку пополочена почва.
Тој знаел дека цврстите гуми на трициклот се виновник за тоа. Решение? Тој ги обвиткал тркалата со тенки гумени листови, меѓусебно ги залепил, ги надувал со пумпа за топка за да добијат ефект на перниче – и ја создал првата комерцијално употреблива пневматска гума.
Dunlop ја патентирал идејата, со што и’ овозможил на својата млада Dunlop Tyre Company огромна предност пред конкуренцијата, која веќе имала сознанија за многуте предности на гумата. Десет години подоцна, откритието на Dunlop скоро целосно ги заменило цврстите гуми.
Денес, Dunlop произведува гуми за сечии потреби, но се фокусира на развој на гуми со високи и ултра-високи перформанси. Dunlop ги разбира потребите на пазарот, затоа што Dunlop ги позанава возачите, нивните потреби и однесување. Ете зошто Dunlop е вистински бренд на возачите. Токму затоа концептот на марката Dunlop е Возачите знаат.
Од стајлинг, до дизајн на обликувани и финиширани фелни, Borbet овозможува купување со само едно застанување. Borbet создаде име за себе и како оригинален производител за опрема, и со својата сопствена производна линија. Сега, тој е доверлив партнер на автомобилската индустрија и малопродажбата, со модерна производна методологија која е секогаш на ниво на уметничко дело, јасно нагласен систем за квалитет (сертифициран со EN ISO 9001, ISO/TS 16949, KBA) и, се разбира, трудот и посветеноста на вработените, на кои се темели извонредната позиција на Borbet GmbH на пазарот.
Името Fulda не е само синоним за град и река во Германија. Fulda, исто така, е германски производител на гуми кој создава квалитетни производи со безбедни и долготрајни перформанси, кои нудат извонредна вредност за парите. Од патиштата без брзинско ограничување, до алпските региони со јаки зими, производите на Fulda се дизајнирани да понудат безбедно возење, дури и во најекстремните услови. Континуираните истражувања и развојни програми се доказ за најновите технологии и материјали кои се користат кај Fulda.