Услуги
Релациите се клуч на комерцијалниот успех. Врските не’ обединуваат. Една од дефинициите за брендот гласи: “создавање на меѓусебно прифатена релација меѓу снабдувачот и купувачот која ги надминува изолираните контакти или специфичните индивидуи”. Релациите не се градат лесно и брзо. Нив не можеме да ги одглумиме. Брендот бара посветеност; посветеност за постојано напредување, поврзување со луѓето за да се разбудат нивните емоции и на крајот – посветеност кон визионерството. Лесно е да се биде циничен околу овие работи, многу потешко е да се биде успешен.
Нашата заложба е целосно насочена кон креирање на задоволни купувачи и зголемување на нивниот број. Во нашиот оддел за продажба, ќе добиете препорака за вашето “идеално возило”, се разбира, со претходно информирање за вашите желби, потреби и можности.
Очекувањата и барањата на потрошувачите добиваат уште поголема сериозност кога истите очекуваат и квалитетна пост-продажна услуга. Линијата на услуги на Авто Куќа вклучува одржување на возилата во тек на гарантниот период и по него, спроведено врз основа на строгите германски стандарди. Тимот во механичаркиот сервис ќе го одржува вашето возило, доведувајќи го во беспрекорна форма, со повеќегодишна гаранција за работната рака и резервните делови.
Авто Куќа има авторизиран сервисен оддел, адекватно опремен со сите неопходни делови и придружна опрема за Opel и Chevrolet, алат и машини кои овозможуваат првокласен сервис. За заокружување на сите барања околу одржувањето на возилото, Авто Куќа отвори лимаро-фарбарска работилница, опремена со најсовремена модерна технологија за подготовка и боење.
Но тоа не е се’. Кај нас, купувачите ќе добијат најдобра препорака кој тип на гуми најдобро одговара за вашето возило, со можност за избор на врвни марки, димензии и шари, за сите возачи и за секој џеб.