За нас

Куќа од брендови е како семејство - секој бренд има свое место и е во релација со останатите.
Ние сме токму тоа. Авто Куќа – семејство од звучни брендови, која како таква, во текот на овие 10 години работење, се разви како бренд на македонскиот пазар. За тоа колку успешно тече нашиот развој како бренд, сведочат бројките, но уште поголем доказ се нашите купувачи и нивното задоволство од нашите услуги.

“Сликата е она што е реално.
Таа е резултат на нашите дејствија.
Ако сликата е погрешна, а нашето работење е добро - наша грешка е што лошо сме комуницирале.
Ако сликата е вистинска и го изразува нашето лошо работење – наша грешка е што сме лоши менаџери.
Се’ додека не ја спознаеме вистинската слика за нас, нема да можеме да комуницираме, ниту да менаџираме.”
David Bernstein

Токму горниот цитат е појдовната точка во развојот и менаџирањето на компанијата: да се спознаеме кои сме, што сакаме и како да го постигнеме саканото. Пазарот, огромната можност за избор и се’ поистенчениот вкус на купувачите се постојани критичари на нашето работење.
А работиме навистина напорно. За 10 години успеавме да се издигнеме од мала, скромна фирма со само 5 вработени, до сериозна конкурентна компанија со 50 вработени со сопствен објект и палета на услуги кои, покрај продажбата на возила, опфаќааат и нивно одржување. Изградивме високо-модерен центар со површина од 4300м2 кој вклучува: изложбен салон за два бренда, механичарски и лимаро-фарбарски сервис, камионски сервис и просторија за чекање и освежување со забавни содржини.
Сето тоа успеавме да го направиме тимски, а нашиот тим е нашата гордост, едно големо семејство кое секојдневно се дообучува и надградува за да понуди врвна услуга дури и за најпребирливите. Секојдневно работиме на визуелизација на нашите напредни идеи и маркетинг стратегии, со цел да допреме до секое срце и да го понудиме најдоброто.
Признанието од нашите купувачи е наша најголема награда. Тоа е вистинската мерка за тоа дали сме најдобри. Ние работиме за тоа...